-Никој не може да ја ускрати волјата на граѓаните да не излезат на референдумот, доколку тие сметаат дека референдумското прашање не заслужува внимание и одговор, изјави во 2004 година, Борис Кондарко. Тој е поранешен претседател на Државната Изборна Комисија стапувајќи на функцијата во април 2011 година. Кондарко своевремено беше пратеник и гласноговорник на СДСМ.

Истата година, додека претседател на ДИК беше Стево Пендаровски, во Република Македонија се одржа референдумот за територијална организација на државата. Референдумот беше неуспешен поради малата излезеност на избирачи, 26,58%, наместо потребниот законски процент од 51% од вкупниот број избирачи. Тогаш мнозинството во Македонија се гласаше против новата територијална поделба, но сепак не беше постигнат потребниот цензус.

Во тој период, за тогашната Влада на СДСМ, бојкотот на референдумот беше единственото решение. Во кампањата за референдумот го користеа мотото „Некои прашање не заслужуваат одговор“ и повикуваа на масовен бојкот. Со повикувањето на масовен бојкот СДСМ дозволија промена на демогеографијата на Република Македонија.

Претходно пак, односно неколку месеци порано, при изборот на нов претседател поради смртта на Борис Трајковски, за да помине Бранко Црвенковски, ДИК се осмели дури и да сними спот со порака „Ливчето не патува само до кутијата“, за да може да се постигне потребниот цензус за избор на Црвенковски (со 8 отсто фалсификат констатиран од ОБСЕ).

СДСМ применува двојни стандарди за два различни периоди од нивното владеење, во 2004 и во 2018 година. За разлика од 2004 година, денес кога СДСМ повторно е на власт, повикува на казни и санкции за сите оние коишто повикуваат на бојкот на референдумот за прифаќање на договорот помеѓу Заев и Ципрас со кој Македонија е ставена во положба на потчинетост. Универзитетскиот професор и академик Владо Камбовски излезе со изјава дека секој што организира бојкот на референдум може да биде кривично гонет.

Сепак, правниот систем е јасен и им дава право на граѓаните да се изјаснат на референдум со гласање „за“, „против“ или неизлегување на гласање (бојкотирање). Тоа се три еднакво легитимни права на граѓаните на Република Македонија.