Домаќинот на фудбалскиот Куп на Америка, репрезентацијата на Бразил ќе се бори за трофејот, откако ноќеска во првото полуфинале ја совлада Аргентина со 2:0.
„Кариоките“ постигнаа по еден гол во првото и во второто полувреме. Резултатот го отвори Габриел Жезус во 19. минута, конечниот резултат го постави Роберто Фирмино во 71. минута.
Противник на Бразилците во финалето ќе биде поуспешниот од дуелот меѓу Чиле и Перу.
Аргентинците преводени од Меси уште еднаш остануваат без трофеј и утеха ќе бараат во третото место за кое ќе играат со поразениот од второто полуфинале.
Мечот за 3. место е закажан за в сабота во Сао Паоло, додека финалето на распоредот е в недела во Рио де Жанеиро.