Нови 13 случаи на Ковид-19 од направени 3.404 тестирања се регистрирани во земјава изминатото деноноќие.

Седум од новите случаи се од Тетово, а шест во Скопје.

Министерството за здравство попладнево информираше дека нема починати пациенти, а оздравен е еден пациент од Прилеп.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.783. Бројката на оздравени пациенти е 150.124, на починати 5.487, а на активни случаи 172.

Досега направени се вкупно 906.529 тестирања.