КОВИД-19 ВО НОВ НАЛЕТ: Уште 29 заразени во Македонија од 349 тестирани за 24 часа

/ 14.05.2020

Во последниве 24 часа се регистрирани 29 нови случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија, со што вкупниот број заболени досега достигна 1.723 лица.

Според податоците од новозаболените 9 се од Скопје, еден од Куманово, 6 од Прилеп, 5 од Тетово, и по 2 од Струга, Велес, Битола и Охрид.

Бројката е добиена по направени 349 тестови.

Истовремено, од болеста оздравеле шестмина пациенти.


Од истата категорија