Македонскиот ракометен првак Вардар, одигра 28:28 против полски Кјелце во меч на кој не можеше да има победник на едната или другата страна, па ремито е и најреален исход.
И без клучниот играч Даинис Криштопанс, кој сепак не можеше да игра и седеше на клупата, вардарци играа рамноправно со полскиот тим.
Во првото полувреме се играше многу ефикасно, беше 17:16, а потоа 15 минути затаи нападот на Вардар, па гостите поведоа и со 25:22. Европскиот првак се созеде, голманот Калифа Гедбан влезе во ритам и беше најзаслужен што Вардар не загуби. Клучната одбрана беше на 15 секунди до крајот. Скубе се обиде да му донесе победа на Вардар, но не погоди.
Гедбан имаше 11 одбрани. Скиубе со 7 и Чупиќ со 6 гола беа најефикасни во нападот на Вардар.
Вардарци се втори во групата и имаат еден бод повеќе од Веспрем и Кјелце. Следниот настап на Вардар во ЛШ е за една недела на гости кај Кјелце, по што ќе следуваат два домашни меча со Мешков Брест и Веспрем.