Поранешниот напаѓач на Ајакс и Милан, Марко ван Бастен е уверен дека Лионел Меси е подобар од Кристијано Роналдо.
– Кристијано е одличен фудбалер, но оние кои велат дека е подобар од Меси, не го разбираат фудбалот или го кажуваат тоа со лоша намера. Меси е единствен. Не може да се имитира и не може да се повтори. Играч како него се појавува на секои 50 или 100 години. Како дете паднал во котел на фудбалски гениј.
Пеле, Марадона и Кројф за мене се тројцата најдобри играчи во историјата. Како дете сакав да бидам како Кројф. Тој ми беше пријател. Ми недостасува. Пеле и Марадона исто така беа неверојатни, изјави Ван Бастен за „Кориере дело спорт“.
Да потсетиме дека Меси седум пати ја има освоено Златната топка, додека Роналдо пет пати.