Членките на НАТО јасно потврдија дека ќе продолжат да и даваат на Украина голема воена, економска и хуманитарна помош, соопштено е денеска од седиштето на воената алијанса во Брисел.
Во соопштението по видео-конференцијата НАТО-Украина, се наведува дека земјите-членки презентирале планови за обезбедување „милиони евра за понатамошна поддршка на Украина во 2024 година“.
– НАТО силно ги осудува руските ракетни и напади со дронови врз украинските цивили, вклучително и употребата на оружје од Северна Кореја и Иран, Јенс Столтенберг.
Тој потсети дека втора година по ред, рускиот претседател Владимир Путин се обидува да ја истроши Украина со масовни напади, но нема да успее.
– Руската кампања на суровост само ја зајакнува решителноста на Украина. Додека Москва ги интензивира своите напади врз украинските градови и цивили, сојузниците на НАТО ја зајакнуваат воздушната одбрана на Украина. Ќе продолжиме да стоиме на страна на храбрите Украинци додека тие возвраќаат на руската агресивна војна, нагласи Столтенберг.
Фото: НАТО