Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 136 нови случаи на Ковид-19, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој на неговиот профил на Фејсбук објави детален преглед на нови случаи по општини.

– Скопје 80
– Куманово 6
– Штип 1
– Прилеп 3
– Тетово 24
– Струга 1
– Велес 3
– Охрид 5
– Гостивар 4
– Струмица 1
– Крива Паланка 1
– Кочани 1
– Кичево 1
– Ресен 4
– Неготино 1

Починати се 8 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово, двајца пациенти од Тетово, еден од Велес и еден пациент од Кичево.
Во текот на вчерашниот ден, веднаш по приемот, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починал 57 годишен пациент од Велес.
Во ГОБ „8 септември“ починале две лица од Скопје пациент (56г) примен на 11 јуни и пациентка (68г) примена на 13 јуни. Починаа две лица од Куманово, пациентка (47г) примена на 12 јуни и пациентка (59г) примена на 14 јуни. Починаа две лица од Тетово, пациент (78г) примен вчера и пациентка од (47г), хоспитализирана на 22 јуни.
Во ОБ Битола почина пациент од Кичево (61г) хоспитализиран на 21 јуни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 36 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле 1 дете и 11 возрасни позитивни на ковид-19.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 17 нови, 4 пациенти се трансферирани во болницата во Козле. До утрово вкупно хоспитализирани се 124 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 75 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 43 оздравени пациенти.

– Скопје 26
– Штип 1
– Прилеп 1
– Тетово 6
– Велес 4
– Гостивар 2
– Кочани 1
– Пробиштип 1
– Кратово 1

Досега во земјата се направени вкупно 54.456 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5445, бројката на оздравени пациенти е 2091, на починати е 259, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3095.