Вакцинацијата против ковид, вклучително и со трета доза, е единствен начин да се намали бројот на реинфекции, изјави Петличковски по неговиот избор за претседател на Комисијата за заразни болести.

Петличковски додаде и оти Комисијата останува на ставот и понатаму да останат во сила постојните мерки за заштита и превенција од зараза со коронавирусот, како носењето маски и одржувањето физичка дистанца. Освен тоа, нема да има ниту укинување на ковид-сертификатите во периодот што следува

Омикрон може да го избегне имунитетот постигнат со прележување на делта-сојот, но може да го избегне и имунитетот стекнат со вакцина, ако таа е примена долго време претходно, изјави денеска новиот претседател на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски.

Затоа, нагласи тој, единствен начин да се намали бројот на реинфекции останува вакцинацијата против ковид-19, вклучително и со трета доза, за која, како што рече самиот, има многу студии кои укажуваат оти заштитата од инфекција пораснува над 80 отсто со нејзина примена.

Петличковски додаде и оти Комисијата останува на ставот и понатаму да останат во сила постојните мерки за заштита и превенција од зараза со коронавирусот, како носењето маски и одржувањето физичка дистанца.

Новиот портпарол на Комисијата, пак, Злате Мехмедовиќ рече дека нема да има промена во делот на тоа како се користат сертификатите, затоа што, како што рече, доколку сега направиме таков радикален чекор за укинување на ковид-сертификатите тоа ќе биде нешто што дополнително ќе го оптовари здравствениот систем, со оглед на ниската стапка на вакцинација во земјава.

„Таа мерка би била апсолутно контрапродуктивна и затоа нема да се разгледува во наредниот период додека сè уште сме во ваква кризна состојба“, додаде д-р Мехмедовиќ одговарајќи на новинарски прашања.

Д-р Илир Демири од Инфективната клиника, кој е член од новиот состав на Комисијата, рече дека луѓето не треба воопшто да се опуштат дека варијантата омикрон е полесна и апелираше до граѓаните да се вакцинираат „бидејќи моментално тоа е спас од ковид-19“.

„Омикрон-варијантата е полесна во поголемиот дел од инфицираните, меѓутоа, не заборавајте дека добар дел од тие што лесно ја поминуваат се вакцинирани. Кај одредена популација која не е вакцинирана омикронот знае да има тешка клиничка манифестација. Во моментот работиме со исполнети капацитети. Во координација сме и со други кови