Пад на пеколните температури и неконтролиран раст на Ковид-19, најави професор д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија во Скопје во својата, како што вели, скромна августовска прогноза за коронавирусот во Македонија.

-По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10 август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на ковид-19 статистиката. Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена/слатка/кисела вода, а потоа повторно „ќе пливаме” во сопствената пот, под скафандерите и маските. Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот, пишува Беќаровски во објавата на својот профил на Фејсбук.