Руската  противвоздушна одбрана (ПВО) спречи напад со дрон на Подмосковље, при што нема жртви или штети, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

-Утринава беше спречен обид на режимот во Киев да изврши терористички напад со беспилотно летало врз објекти во Подмосковље. Беспилотното летало е уништено од противвоздушна одбрана, се вели во соопштението.

Претходно, градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин објави дека беспилотно летало на украинската армија е соборено над Московскиот регион и дека било спречено да ги погоди целите.