САД првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина на Киев ќе му испорачаат пософистицирано и потешко вооружување на Киев, потег што некои од претставниците н администрацијата на Џо Бајден претходно го сметаа за преголем ризик што би можел да доведе до ескалација на судирите, објави Си-Ен-Ен.

Администрацијата на Бајден соопшти дека новиот пакет оружје за Украина вклучува 11 хеликоптери „Ми-17“, 18 хаубици од 155 милиметри, 300 дронови „Свичблејд“ и радарски системи оспособени да лоцираат позиции од каде доаѓаат нападите.

Списокот со помошта во вредност од 800 милиони долари што САД ќе ја испорача за Украина не е составен само според барањата на Киев, туку и во рамки на подготовките за поинаков начин на војување во пространите рамници на источна Украина, терен што дава воена предност на руските оружени сили.

– Тоа претставува пософистицирано и потешко вооружување од претходните испораки, пренесува Си-Ен-Ен.