Ете, бидна големиот митинг или маршот За европска Македонија на Заев, прав правцат европски марш со автобуси, со сендвичи, со луѓе домкнати од цела Македонија што мафтаат со знаменца ЗА, со сé комплет.

До душа малку ми беше нејасна целата организација на овој настан особено што во минатото го слушавме Стево Пендаровски како вика дека вмровците го мкнат народот како стока на митинзи, па сендвичи им давале, па притисок им правеле итн, итн., а од друга страна вчера ама баш идентична организација. Малку сум дури и во дилема дали тоа ВМРО го организираше маршот во Скопје или урбаниот СДСМ?!

Па нели бе другари бевте против ваков тип на настани, нели народот сам по своја воља треба да излезе на протест/митинг без да биде разнесуван како стока натаму наваму со еден сендвич?! А веќе кога сме кај сендвичите ако вмровските беа со посебна салама вашите какви се? Со пршут или тартуф? Не за друго, дека сте поурбани од небањатите де, затоа и очекувам сендвичите да ви бидат поквалитетни од вмровските, башка у Европа со посебна салама не се иде!

И така, домкнати, најадени, луѓето со весели лица се радуваат и на прашањето кај одите и зошто сте тука сите во еден глас одговараат ЗА европска Македонија! Па добро бе не им кажавте дека името на државата треба да биде Северна Македонија, а не Европска?! Уште посимпатичен беше моментот кога одговараа на прашањето дали сте за промена на уставното име, па имаш одговори „ааа не, никако, името не треба да се смени, ама тука сме за Македонија да иде у Европа!“ Просто неверојатно, а бе што им кажувате на луѓево по штабови кога ги организиравте да тргаат за Скопје и за Европа?! Дека од 1 октомври ќе бидеме полноправни членки на ЕУ или? Чувај Боже да не сте им забраниле да следат медиуми особено проопозициски па не знаат дека всушност ќе гласаат за промена на уставното име?! Или сте им дозволиле да ги следат само медиумите на кои вести пласира Роберт Поповски и неговото Министерство за пропаганда за да не им биде непријатно кога ќе гласаат на 30 септември како што кажува јавно Заев ако ги знаат уставните измени. Па не сте вие режим Бог да чува!

Добро, бар едно знаеме одамна а тоа е дека на Заев не му е непријатно да го лаже и народот и членството, така да не е за изненадување тоа што и сега не му е непријатно да ги манипулира луѓето и да го шета на марш за Европа со сендвич во рака.

М-р Мартина Антиќ