Меѓународно непризнаената талибанска влада во Кабул повторно ги повика Обединетите нации да го признаат нивниот кандидат за претставник на Авганистан во таа меѓународна организација.

Талибанскиот кандидат Сухаил Шахин синоќа на Твитер објави дека местото авганистански амбасадор во ОН треба да му биде доделено на претставник на талибанската влада.

– ОН се големо светско тело и нивниот кредибилитет лежи во нивната неутралност, напиша Шахин на Твитер, барајќи од ОН да ја докажат својата неутралност со доделување на функцијата амбасадор во ОН на актуелната авганистанска влада.

Претходно овој месец, Генералното собрание на ОН донесе резолуција со која се одложува одлуката за признавање на авганистанскиот амбасадор.

Столчето во Обединетите нации и некои други мисии во странство станаа цел на поделби меѓу талибанците и прогонетите претставници на поранешната влада.

Повикот на Талибанците дојде еден ден откако авганистанската мисија во ОН издаде соопштение во кое се вели дека Насир Ахмад Фаик „го презеде водството во мисијата, како вршител на работите“.

Фаик претходно беше заменик-амбасадор на Гулам Исацзаи, кој беше соборен од авганистанската влада. Изацаи поднесе оставка на 15-ти декември, изјави портпаролот на ОН

Талибанците ја презедоа власта во Авганистан на 15 август, кога нивните сили влегоа во главниот град Кабул при повлекувањето на американската армија и нивните западни сојузници од оваа земја.