Нови 273 случаи на КОВИД-19 од 2799 направени тестови се регистрирани во изминатите 24 часа, а од нив 45 се реинфекции. Пријавени се вкупно осум починати лица, од кои пет во изминатото деноноќие. Според податоците од Институтот за јавно здравје, евидентирани се и 233 оздравени пациенти.
Од новодијагностицираните 273, од Скопје се 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10, Струмица – шест, Тетово и Гостивар по пет, Кичево – четири, Велес, Штип и Струга по три, Кочани, Радовиш и Богданци по два, Гевгелија, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Виница, Крушево и Демир Капија имат по еден новозаразен.
Во изминатите 24 часа починале пет лица – двајца од Прилеп (68г и 43г) и по еден од Битола (79г), Куманово (81г) и Охрид (73г). Сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој термин“, дополнително се пријавени три починати лица на возраст од 60 до 78 години – од Скопје, Струмица и Тетово. Пријавените лица се починати во периодот од 18 февруари до 5 март 2022. Двајца починале во болница и еден во домашни услови. Сите осум починати лица имале коморбидитети.
Од оздравените 233, од Скопје се 139, Битола – 15, Велес – 11, Куманово – 10, Прилеп – девет, Охрид – осум, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија по пет, Кичево – четири, Тетово, Струга и Виница имаат по тројца оздравени, Струмица, Штип, Кратово и Демир Хисар по двајца и по еден оздравен пациент се од Кочани, Радовиш, Ресен, Свети Николе и Дебар.
Бројот на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата достигна 303 140 од вкупно 1 933 837 направени тестирања. Оздравени се 291 952 пациенти, починати 9172, а активни случаи има 2016.
2022-03-19 15:04