Началникот на Генералштабот на грчката Армија, Евангелос Апостолакис ја предупреди Турција дека Грција е решена да одговори во случај на „ескалација на турските провокации“.
Апсотолакис, на средба со грчките новинари, ја истакнал оперативната способност и подготвеност на Армијата на Грција во случај да бидат загрозени суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата.
Според „Катимерини“, како што јави дописничката на МИА од Атина, во случај на инцидент и турска провокација во Егејското Море, ставот на Апостолакис бил јасен,
– Ако стапнат на карпест ненаселен остров, ќе го срамниме со земја. Ова е црвена линија, која што е прифатена и од Владата, изјавил, според „Катимерини“, началникот, додавајќи дека она што е најважно за Грција е да се обезбеди мир во регионот.
Во однос на стратешкиот дијалог меѓу САД и Грција одржан минатата седмица, Апостолакис истакнал дека Вашингтон бара начин да се обезбеди рамнотежа во регионот, а „Грција игра позитивна улога и е мост во однос на оваа перспектива“.