Со пристигнувањето на новите возила денеска започна реализацијата на проектот за набавка на нови 100 амбулантни возила во македонското здравство.

На промоцијата присуствуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за здравство Сашо Клековски, директори на здравствени установи.


Клековски во обраќањето истакна дека новите 100 амбулантни возила се со подобра опрема.


-Опремени се со ЕКГ, имаат респираторна поддршка, дефибрилатори. Со овие возила ќе дојдеме до бројка од околу 200 амбулантни возила во зелата земја. Во моментов има 140 активни возила, 60 од новите возила ќе бидат наменети за зголемување на капацитетите, а другите 40 за заменување на дотраените, посочи Клековски.

Министерот за здравство додаде дека бројот на возилата кој биде распредели по јавните здравствени установи ќе се прави врз основа на анализа која ги опфатил демографијата, територијата на покриеност, бројот на годишни интервенции, дотраеност на возилата и слично.


Клековски додаде и дека се во преговори идната година да бидат набавени уште 50 амбулантни возила.

Мицкоски нагласи дека со зголемување на бројот на амбулантните возила побрзо ќе се пристигнува и ќе се интервенира попрецизно поради опремата која ја поседуваат.




