Текстот на договорот е поразителен за Македонија, истакна претседателот на држава Ѓорги Иванов во своето обраќање до македонската јавност пред неколку минути. Според него, овој договор предвидува менување на Преамбулата, бришење на членот 49 од Уставот за заштита на малцинствата и менување на скеој член каде се споменува терминот Македонија, македонски, македонско и нарушување на државно-правниот и историскиот континуитет на нашата држава. Поради тоа, порача Иванов, тој нема да го легализира овој договр, а на Заев и Димитров им порачал дека тоа е нивен личен договор.