Три лица починаа, а 20 се зарзени со коронавирус во последниве 24 часа од само 309 тестирани, објави министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук.

Во продолжение неговата објава:

– Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти: Скопје 12, Прилеп 7, Тетово 3, Кавадарци 1
Пехчево 1. Во изминатите 24 часа направени се 309 тестирања, а потврдени се 20 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-10, Прилеп-5, Тетово-4, Велес-1. Досега во земјата се направени вкупно 19739 тестирања на ковид-19.
Починати се 3 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациентка од Прилеп на 59 години, хоспитализирана на од 7 мај. Во ОБ Велес почина пациент од Велес на 76 години, хоспитализиран на 6 мај, а пациентка од Тетово на возраст од 68 години почина на пат кон инфективната клиника во Скопје, упатена од Клиничката болница во Тетово. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1694, бројката на оздравени пациенти е 1229, на починати е 95, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 370, објави Филипче.