Сенаторот Ранд Пол
Имаше период од 10 години кога не требаше да се спроведува gain-of-function истражување освен со специјална дозвола. Во тој период, сепак, Ентони Фаучи давал исклучоци.
Некои од тие исклучоци биле дадени на лабораторијата во Вухан. Значи, да, тие земале коронавируси, нивната основа, и мешале и комбинирале S-протеини од други вируси за да создадат сосема нови вируси што не постојат во природата. И мислиме дека токму тоа се случувало кога овој, кога ковид бил создаден во лабораторија. И така Тулси Габард има објавено и потврдено тоа што го кажуваме цело време: не само што ова било направено во Кина, таа сега објави дека има 120 лаборатории во 30 земји. И како што се сеќавате, секој што зборуваше дека постојат било какви лаборатории во Украина беше остро осудуван и нарекуван теоретичар на заговор. Но се испоставува дека тоа е вистина. И ќе навлеземе во секоја од овие поединечни лаборатории, ќе ги разгледаме експериментите и ќе откриеме дали некои од нив биле gain-of-function истражувања.
Сега, владеачките структури викаат дека нема ништо тука, дека се работи за вакцини за животни и слично, но постои разлика меѓу животно со човечки бели дробови и обично животно. Па ќе видиме какво истражување се спроведувало. Она што се правело во Кина било земање вирус и негово пренесување низ стаорец, но стаорец кој имал човечки бели дробови. Така, како што вирусот инфицира стаорец со човечки бели дробови, вирусот се „тренира“ да стане поспособен да инфицира луѓе. Тоа се вика serial passage. И токму тоа го правеле во Кина. И тоа, најверојатно, довело до оваа пандемија. Но не сме завршиле со ова. Вчера објавивме дека ќе го повикаме Ентони Фаучи со судска покана да сведочи пред нас. Постои голема завера и тој е на нејзиниот врв.
Уште од првите денови во јануари 2020 година, тој ги собрал најпознатите вирусолози во земјата и ги прашал: „Дали мислите дека ова дојде од природата или изгледа како да е манипулирано?“ Секој од нив кажал дека изгледа манипулирано. Биле 80% сигурни, 90% сигурни. Некои биле 50/50, но сите сметале дека постои голема шанса дека ова е манипулирано во лабораторија.
Но истите овие научници, по еден состанок, еден телефонски разговор со Фаучи, биле убедени да го сменат ставот и да напишат труд наречен „Проксимал Ориџинс“ во кој рекле дека нема никаква можна основа ова да потекнува од лабораторија. Значи приватно сите верувале едно, јавно кажале друго, а еден месец подоцна барем еден од нив добил грант од 8 милиони долари од Националниот институт за здравство потпишан од Фаучи. Случајност? Вие проценете.




